Запре производството на Макстил, РЖ Услуги не им пуштиле вода

од desk3
130 прегледи

Компанијата Макстил испрати соопштение во кое информира дека не започнале со планираното производство на челичен полуфабрикат, поради тоа што РЖ Услуги не им пуштил вода.

wqjfewjoifgeriohtrjytk

По завршувањето на обемниот инвестиционен зафат на темелната реконструкција на електролачната печка во производниот погон челичарница, заради подобрување на нејзината енергетска ефикасност, за 14 јули беше најавено рестартирање на производството на челичен полуфабрикат.

Од страна на снабдувачот со технолошка вода РЖ Услуги системот за рециркулација на меката вода не беше ставен во функција, при што без никакви претходни најави беа наметнати побарувања за повеќе од двојно зголемување на цената на услугата за дистрибуција на водата и беа одбиени сите обиди за решавање на настанатиот проблем со вообичаената пракса, стои во соопштението на Макстил.