Мијалков бара извинување од Либертас

од desk3
125 прегледи

Интернет порталот Либертас денеска информираше дека овластениот адвокат на екс-дирелторот на УБК Сашо Мијалков побарал извинување од порталот. Интегрално Ви ја пренесуваме јавната преписка:

11722016_10204875077505257_900925693_n

На 10 дена по првиот и 8 дена по вториот текст за престојот на екс-директорот на УБК, Сашо Мијаков на Санторини, Либертас попладнево доби „Барање за извинување и јавно повлекување на изјава“ од адвокатската канцеларија на Антонио Апостолски:
„Како полномошник на г-дин Сашо Мијалков, во согласност со чл. 13 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда ( Службен весник на РМ бр.143 од 14.11.2012 година), се обраќаме до вас Здружение на граѓани ПРО ЛИБЕРТИ-невладина организација за развој на демократијата, граѓанското општество и јавното мислење Скопје како сопственик на порталот www.libertas.mk и Ацо Кабранов како главен и одговорен уредник на порталот www.libertas.mk со барање за извинување за текстoт со наслов „Мијалков на викенд на ексклузивниот остров Санторини?!“ објавен на ден 11.07.2015 и тексот со наслов „ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Мијалков си замина од Санторини, фати авион за Солун“ објавен на ден 13.07.2015 година, кои содржат клевети и навреди изнесени против нашиот властодавец.

Следствено на наведеното, а во насока на ублажување на штетата, по приемот на ова барање очекуваме во рокот определен со закон да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на дадените изјави кои содржат клевети и навреди против г-дин Сашо Мијалков“, стои во барањето.

==================================================

Барањето е зачудувачко бидејќи истото не објаснува за какви и на кои точно „клевети и навреди“ се однесува.

Дали Мијалков не бил на викенд на Санторини?

Дали Мијалков не фатил авион од Санторини за Солун на 13 јули?

Дали личноста на фотографијата не е Сашо Мијалков?

Редакција Либертас