Името се почесто се протнува во пакетот со обврските на преодната влада иако сега главнотo е фокусирано на подготвовките за фер избори и работата на специјалниот обвинител.Но во тој амбиент името никако не се исклучува , барем нe во изјавите на меѓународните претставници и главните играчи.Се остава впечаток дека се подготвува теренот за промена и решавање на децененискиот спор со името,и нежно се опипува пулсот колку тоа ќе може да и се натовари на грб на преодната влада ,и новиот премиер за еднократна употреба на ВМРО ДПМНЕ.

Темата ја отвори еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој во вторникот во Брисел изјави дека се забележува придвижување околу спорот со името, изразувајќи надеж дека наесен ќе има дополнителен напредок.
Македонија и Грција минатиот месец се согласија за пакет мерки за градење доверба меѓу двете земји. Решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје и тогаш се процени како тежок потег.
Дипломатите порачуваат , ама не исклучуваат, внатрешно средување пред фокусот да се стабилизира на надворешната политика на двете влади.
Засега од Брисел нема конкретен одговор на прашањето дали времената владата н ќе биде искористена за решавање на спорот со името, но впечаток е дека тоа се случува скриено од јавноста. НА тоа упатува и изјавата од ВМРО ДПМНЕ , дека идниот времен премиер на Владата на местото на Груевски неа да биде ниту еден актуелен висок функционер на нивната партија !?
Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак исто така порача дека ЕУ сака да види напредок на ова поле, повикувајќи ги сите страни да го искористат постоечкиот механизам за преговори во Обединетите нации. Порача и потсети дека треба да се биде одговорен за европската иднина и за иднината на својот народ, и тоа мора да го почитуваат политичките партии кои седат на преговарачката маса