(ВИДЕО) Експлозии и убави жени во новиот трејлер на “Џејмс Бонд”

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Најекстатичните фанови на “Џејмс Бонд” можеа да го видат трејлерот на последниот филм за тајниот агент, а судејќи по него нѐ чека уште една неверојатна авантура на 007.Il nuovo e 24film della serie James Bond, sar chiamato 'Spectre'

Трејлерот кој излезе вчера, открива сè што очекуваме од Џејмс Бонд – брзи автомобили, експлозии, сјај и убави жени. Во лентата херојот на Даниел Крег се обидува да разбие опасна организација на име “Спектар”.

Во филмот Крег се здружил со Кристофер Валц, Ралф Фајнс и италијанската убавица Моника Белучи со која Бонд има и една жешка сцена.

Режисерот Сем Мендес, кој беше режисер и на претходната лента во 2012 година, потроши восхитувачки 1,1 милијарди долари.

Премиерата на “Спектар” е планирана за 26 октомври.