Во мај 70 проценти од струјата од домашни извори

од desk3
85 прегледи

Во мај годинава во Македонија вкупно се потрошени 590.609 мегаватчасови електрична енергија, 3.088 милиони нормални метри кубни природен гас, 436.763 тони јаглен и 75.563 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.

струја

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, а 95,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија./МИА