Дмитриј Медведев: Прашањето за пристапувањето на Крим кон Русија е затворено

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Прашањето за пристапувањето на Крим кон Русија е затворено и времето покажа дека оваа одлука беше правилна, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за словенечкиот весник Дело пред посетата на Љубљана, пренесоа агенциите.

20150725.kpyhxrwavi

Премиерот појаснува дека заслугата е на жителите на полуостровот, кои одлучиле за својата судбина на референдумот на 16 март минатата година. “Обидите на оние кои некогаш подготвија отцепувањето на Косово од Србија без каков било референдум, да го ставаат под сомнение слободно визјаснување на народот на Крим е лишен од секаква логика, тоа се само апсурди “, смета Медведев. Тој изрази жалење дека САД и Европската унија го  користеле изборот на кримчани како изговор за серија антируски мерки, вклучувајќи прекин на билатералните контакти во голем број области и воведување на нелегитимни економски санкции.

Во интервјуто Медведев изрази надеж дека Вашингтон “ќе се врати на прагматичен позиции “, но посочи дека” санкционната инереција “може да се задржи во САД за долго. Во однос на ЕУ, тој изјави дека санкциите на Унијата против Русија не ја постигнале својата цел и се удриле “како бумеранг” оние кои ги напишале, предизвикувајќи загуби на европскиот бизнис за десетици милијарди евра. Медведев посочи дека Русија ќе се соочи со последиците од санкциите и нема да се откаже од принципиелната позиција. Според него со неговата земја не треба да се разговара од позицијата на силата и уцена. Рускиот премиер изрази очекување дека економскиот раст во Русија може да се опорави уште кон крајот на 2015 – почетокот на 2016 година Обидите да се преработи историјата во некои земји се користи за регулирање на меѓународните односи, коментира уште Медведев. Медведев со жалење истакнал дека “се почесто се прават обиди за препишување на историјата, вклучувајќи и на Втората светска војна. – “Ова е особено очигледно во некои европски земји во кои отворено се проповедаат нацистички идеи каде радикалните националисти се потешко слободни, а по улиците е можно да маршираат луѓе со есесовски униформи”, коментира тој. Според него “слични активности не само што го навредуваат споменот на милионите жртви на фашизмот, но и се закануваат  на основни принципи на демократијата и човековите права “. Тој исто така додаде дека политизацијата на историјата е лесен пат, по кој може да се тргне, кој сепак “води во ќорсокак” .

На прашањето дали ќе се промени уделот на еврото во златните и девизни резерви на Русија, Медведев рече дека во моментот нема предуслови за некакви ненадејни промени во овој поглед. Во интервјуто рускиот премиер исто така се заблагодари на словенечкиот народ за грижливиот однос кон заедничката историска меморија со неговата земја.