Во Струга убиен функционерот на ДУИ, Аргетим Асани, заменик директор на УЈП во Струга

од desk3
126 прегледи

download(72)

Со 5 куршуми попладнево во Струга е убиен функционерот на ДУИ,  Аргетим Асани, инаку заменик – директор на регионалниот центар на УЈП во Струга, јави Лајм.

пиштол

Како што пишува весникот, тој се сметаше за близок со вицепремиерот Муса Џафери.

Не се познати сторителите на ова убиство, ниту точните мотиви.

Од полицијата информираа дека кон него било пукано од возило „голф“ со црна боја. Штом испукале неколку куршуми, напаѓачите избегале, а по нив е започната голема потрага.

-Денеска околу 13.15 часот на улицата „Маркс и Енгелс“ од возило во движење, марка „Голф“ било пукано врз жител на Струга, роден 1973 година, изјавипортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Повредениот бил префрлен во Струшката болница каде им подлегнал на повредите.

Полицијата под раководство на Јавен обвинител врши увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото