Првата средба на работните групи со посредништво на белгискиот експерт Питер Ван Ховит се очекува да биде одржана во понеделник. На преговарачката маса претставниците на четирите политички партии ќе го постават прашањето за Изборниот законик, односно измена на законите поврзани со изборите и создавањето на нов избирачки список, како и гласање на дијаспората- јави Алсат
СДСМ има доставено барање пратеник од дијаспората да добие мандат само доколку соберат 80 отсто од потребните гласови за избор на пратеник во Македонија, со што би се балансирала вредноста на гласот во и надвор од земјата. Од ДУИ истакна дека во понеделник ќе бараат поништување на гласањето од дијаспората.
„Ние сме сведоци на нерегуларности и нееднаквост на гласот во трите изборни единци во дијаспората. Затоа сметаме дека овие три единици 7,8,9 кои избираат три пратеници од дијаспората треба да се тргнат од Изборниот законик или дијаспората да гласа во шесте актуелни зони кои се во земјава“, рече Артан Груби – ДУИ.
Повеќе ТУКА
