Пукање на бензинска во Куманово- полицијата во заседа начекала разбојници

од desk3
82 прегледи

На 26.07.2015 година околу 04,00 часот во Куманово на ул.„11-ти Октомври“ бб, во кругот на Железничката станица, во бензиската пумпа “Твинс Петрол“, двајца маскирани сторители извршиле разбојништво во обид над вработената од Куманово. Имено, откако влегле во бензиската пумпа, едниот од нив извадил пиштол, со кој и се заканувал на вработената.

maskiranrazbojnik

Бидејќи на наведената бензинска пумпа веќе неколку пати има извршено разбојништво со закана со огнено оружје, полициски службеници од ПС-Куманово биле во заседа, при што во моментот кога ги забележале сторителите, ги предупредиле да се предадат. Еден од сторителите со пиштолот во рака се свртел кон полициските службеници, по што истите испукале најпрво во воздух, а потоа неколку истрели кон сторителите. Двајцата сторители во тој момент се дале во бегство, но едниот од нив од здобиените повреди паднал, а другиот успеал да побегне. По извршениот разговор со повредениот сторител, констатирано е дека се работи за Б.Х.(19) од с.Синѓелиќ. Вториот сторител побегнал од местото на настанот со ПМВ. По укажаната лекарска помош во МЦ-Куманово, Б.Х. бил пренесен во КЦ-Скопје. Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа при што бил пронајден и подигнат за вештачење еден пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.