Симеон го брани татко му Цар Борис III за депортацијата на македонските Евреи- “Овие територии никогаш не биле под целосна управа на Софија. Таму владееле нацистите “

од desk3
460 прегледи

Факт е дека мојот татко цар Борис III успеа да спаси Бугарија од нацистичка окупација. А она што го изврши, ја спаси и од советска. Ова го наведува во интервју за Си Ен Ен поранешниот бугарски цар и премиер Симеон Саксобурготски.

250px-Big17jv8

Во интервјуто пред водителката Кристијан Аманпур тој нагласува дека “ниту еден Бугарин немал нешто против сонародниците од еврејско потекло”. “Луѓето ги земале. Црквата била отворена и помагала. Дури и повеќето политички партии биле на негова страна, со исклучок на неколку цврсти глави. Целата земја била против депортирањето “, коментира Саксобурготски.

CAR

Според него бугарскиот народ треба да се гордее со фактот дека помогнал за спасувањето на 43 000 Евреи. “Сметам дека треба да сме горди што не сме постапиле поинаку. И сега, како патувам и се гледам со Евреи, сите ме поздравуваат за она што сме го направиле. И тоа ме прави да се чувствувам горд “, изјави поранешниот бугарски премиер.

Запрашан за судбината на над 11 000 бугарски Евреи, кои беа депортирани во логорите на смртта од Беломорска Тракија и Вардарска Македонија, Симеон Саксобурготски вели: “Овие територии никогаш не биле под целосна управа на Софија. Таму владееле нацистите “.

Симеон Саксобурготски сака да се разбере вистината за смртта на својот татко – цар Борис III. “Меѓу крајот на војната, всушност од 1973 година натаму, 30 години по неговата смрт, почнав да разгледувам различни документи од различни земји. Кои се декласифицирани. И така не најдовме податоци за нешто погрешно. Единствениот архив, до кој немавме целосен пристап, е оној во Москва. Тато немал болно срце, не. Навистина бил под стрес. И тоа може да доведе до срцев удар. Но не треба да заборавиме на неговата агонија. Оваа недела беше болен. Тоа покажува дека може да има нешто повеќе од еден обичен инфаркт “, вели тој.

hqdefault

Запрашан дали би побарал од претседателот Владимир Путин пристап до руските архиви, поранешниот премиер вели: “Тоа не ми е приоритет во моментов. Има други работи. Но како син, само заради тоа што сум негов син, сакам да ја дознаам вистината. Причината е тоа. Точка. И вистината излегува на виделина. Така ќе останат сомневања за тоа што се случило “.

Симеон Саксобурготски не верувал дека ќе доживее моментот и неговите деца да ја видат неговата татковина – Бугарија. Кога падна Берлинскиот ѕид во 1989 година “во првиот момент не поверував дека тоа се случува. Потоа се расплакав. Бидејќи тоа нешто никој не очекуваше “, вели тој.

На прашање на Си Ен Ен како сакаат да го запомнат за овие години, во кои бил премиер, Симеон Саксобурготски одговара: “Сметам дека направив многу, за да ја вратам Бугарија на картата на светот. На различни начини. И поради тоа што бев премиер, што беше малку необично. Стана интересно за останатите. Тоа го предизвика интересот на луѓето и политичарите кон Бугарија. Потоа со моето искуство од приватниот сектор и со моите односи во европските кралски дворови успеавме да отвориме многу врати и по преговорите да постигнеме – прво, НАТО, и второ – ЕУ. Второто беше нашата најголема цел. Се обидов, бидејќи тоа е мојот личен светоглед, да не барам одмазда “.

Тој вели дека денес бугарите признаваат дека неговиот 4-годишен мандат бил најрелаксирано и предвидлив, немало партиска дискриминација и партизација.

“Тоа помогна многу на нашето општество да се промени. Бидејќи не е лесно од тоталитарниот систем да влезеш во пазарната економија. Бидејќи тоа е тежок процес. И по повеќе од 20 години уште не сме го завршиле. Треба време “, завршува Симеон Саксобурготски.