Туристички работници предлагаат учебната година да почнува на 15- ти септември

од desk3
119 прегледи

Почетокот на учебната година да стартува на 15 – ти септември со што ќе се продолжи и туристичката сезона, бараат туристички работници од Охрид и Струга. Тие за телевизија Алсат објаснуваат дека причините за ваквото барање се лошото време во јуни и случувањата во Куманово, поради што во мај и јуни посетеноста била многу слаба,а многу од аранжманите биле откажани.

plazi-ohrid-1

Сметаат дека треба да се следи примерот на некои од соседните држави каде учебната година почнува подоцна. Додаваат дека со тоа корист би имале и хотелите кои би излегле со поевтини, септемвриски цени.