Демонстранти убија полицаец во Истанбул (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Во “Гази” избувнаа жестоки судири откако активистка на крајната левица беше убиена при полициска акција во петокот. Претходно агенцијата соопшти за судири, во кои демонстрантите фрлале  камења и молотови “коктели” врз полицајците кои ги одбиваат со водени топови

hqdefault.jpg91

Полицаец  е убиен во жесток судир со крајнолевичарски демонстранти во истанбулскиот кварт “Гази”, соопшти АФП, повикувајќи се на агенцијата Анадолија. Полицаецот бил тешко ранет од куршуми, додека полицијата спровела апсења во “Гази” и умрел  во болница од здобиените повреди, соопшти агенцијата Анадолија.

Во “Гази” избувнаа жестоки судири откако активистка на крајната левица беше убиена при полициска акција во петокот. Претходно агенцијата соопшти за судири, во кои демонстрантите фрлаат камења и молотови “коктели” врз полицајците кои гиодбиваат  со водено топови, гумени куршуми и солзавец.Некои демонстранти ги зајакнуваат позициите преку издигнување на барикади по средината на улицата. Ситуацијата станала толку напната дека полицајците патролирале  само во оклопни возила. Повеќето демонстранти се чуваат од гасот со марамчиња, завиткан во лицата, а други носат маски.