(ВИДЕО) Самсунг претстави монитор кој безжично полни смартфони

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Мониторите се еден од неразвиените елементи на компјутерската периферија.Тие би можеле да бидат многу повеќе од екран. Пример и полнач за смартфон.

Samsung го претстави својот нов монитор SE370 кој располага со вграден модул за безжично полнење на телефоните. Се разбира, мобилниот уред исто мора да ја поддржува технологијата. Дополнителна предност е крајот на потребата од дополнителни кабли, Docking станици и др.zx450y250_2580082

SE370 работи со сите уреди кои ја поддржуваат технологијата за безжично полнење Qi. Во штандот на мониторот е вграден и држачот, каде смартфонот треба да биде оставен.

Мониторот има и режим за растојание од очите преку оптимизирање на сликата според околината и амбиентална светлина. Екранот е 23,6 инчи со Full HD резолуција. Времето за реакција е 4ms, а осветленоста – 250 cd / m2. Контрастот е 1000: 1. За сега Samsung не ја откриваат цената на моделото ниту кога почнуваат со продажбата Се очекува тоа да се случи пред крајот на годината.