ОМД се јави- Правото на глас на дијаспората мора да се заштити

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја следи работата на Работната Група за измени во изборниот законик на Република Македонија и строго ги осудува сите напори кои би наштетиле или би ѝ го одзеле правото на македонската дијаспора да гласа за претседателски и парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици во дијаспората.

unnamed (1)

За ОМД предлогот за одземање или додатно отежнување на правото на глас на дијаспората претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за економскиот развој на Република Македонија, како и за добивање меѓународна поддршка околу пристапот на Република Македонија во евроатлантските институции како НАТО и ЕУ.

„Дијаспората е клучен партнер на Република Македонија и е интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Дијаспората директно придонесува 18-20 проценти од домашниот бруто производ на Република Македонија. Истовремено, дијаспората редовно ја посетува Македонија и со нејзиното доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Историски, Македонците надвор од Македонија се бореле за незавизна, слободна, и суверена Македонија и откако оваа цел во 1991 година се постигна, дијаспората продолжи да биде важен фактор за стабилноста и компетитивноста на државата. Затоа дијаспората мора да продолжи да го ужива своето универзалното право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија“, соопшти Обединетата македнска дијаспора.

омд

ОМД се залага за олеснување на начинот на гласање со воведување електронско гласање, со што би се зголемил бројот на гласачи и би се намалиле трошоците за гласање на дијаспората.

Ставот на ОМД отсекогаш бил дека Македонија треба да има и Министерство за Дијаспората, како Израел, Грузија, Словенија, Србија, Косово, Ерменија, Етиопија, и други земји со цел да се продлабочи врската помеѓу дијаспората и татковината.

ОМД ги повикува сите политички субјекти во Македонија, наместо да ја дистанцираат дијаспората и да го отежнуваат нејзиниот искрен напор да ѝ помогне на државата, да покажат почит и јасна заложба за искористување на способностите на дијаспората со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за македонските граѓани.