Еко-иновација: Туш што те брка од када кога си претерал

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Сите имаме барем по еден во семејството и уште по еден на одмор, што „се заборава“ како да е сам на светот под тушот. Да, убаво е и би останале и ние под млазот вода со часови, но малку е себично, нели?9d3e7ea7-18fb-4a2f-892e-13038d1dc797.format_jpeg.inline_yes

Елизабет Букер е британски дизајнер и едукатор која креираше нов вид на завеса за во бања која не дозволува никому да се задржи под тушот предолго. Идејата на Букер всушност не е да ни продаде производ, туку да нѐ замисли колку многу вода ние трошиме.

 

„Целам кон провоцирањето на дебата за прашањето со водата и свесноста на луѓето за нејзината потрошувачка“, напиша таа на својот вебсајт.

Најверојатно таа и ќе успее во тоа, бидејќи нејзината креација едноставно наречена “Spiky” (Боцко), е тешка за игнорирање. Станува збор за неколку пластични клинци кои по одредено време во бањата (четири минути) излегуваат и просто те истиснуваат од кабината, така што твојот воден ритуал мора да престане.Spiky comic strip E 1 Spiky comic strip E 2 Spiky comic strip E 3 Spiky comic strip E 4

Можеби звучи престрого (и многу смешно), но долгото туширање троши тони вода. Според Вашингтон пост, секоја минута на трошење вода залудно, или не директно за миење, е еднаква на 2.5 галони изгубена вода.

Можеби ви се чини како нешто неважно бидејќи се работи „само за вода“, но водата станува сериозно ограничен ресурс и нејзиниот недостаток значи нејзин помал квалитет, потенцијално ширење на пожари, лизгање на земјиштето и поплави. Сушите се многу скапи и затоа треба да се рационализира потрошувачката на вода.