(ВИДЕО) Колку пати не почувствува дека дискриминираш вчера?

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Кога се зборува за дискриминацијата повеќемината од нас одлучно го бранат ставот дека тие никогаш не го сториле тоа. Да биде трагедијата поголема, искрено веруваме дека сме ослободени од предрасудите, дека ги надвладуваме стереотипите и сме пример за големо срце.

А статистиките зборуваат поинаку.

Можеби најчесто проблемот се должи на фактот дека погрешно ја поимуваме дискриминацијата, ја согледуваме во нејзините најрадикални форми, свесно замижуваме на секојдневното нејзино управување со нашите одлуки и целокупно однесување.

Дискриминацијата не се случува само на интервјуата за работа.

Дискриминацијата ја има и во автобус. Пред количката со ѓевречиња. Во стиснатата чанта под пазувот. Окото на влезната врата.

Ова видео го прикажува понижувачкиот третман што го добиваат имигрантите во Aвстралија, од страна на обичните луѓе, не системот. Слободно препознајте се во наши услови.

Ф.А.