Денеска договорена рамката на средбите, утре за изборите, од четврток и за спец обвинителот

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Денешниот ден , као што дознзава локално.мк прецизн  била договорена рамката и динамиката на разговорите откако до партиите на вчерашниот состанок биле испорачани опциите и предлозите за преговори. Денеска е договорено кои датуми ќе се работи. кои теми и кои денови се за одмор.
Домашната задача која на партиите им ја прати посредникот  Питер Ван Хојт е дека нема одлагање и има многу прецизна и захтевна агенда која мора да се реализира.
питер
Утрешниот ден ќе последен од првата работна недела на работната група на кој ќе се дискутира за изборниот пакет,  а веќе в четврток претставниците на партиите потписници на договорот од Пржино го отвораат прашањето за избор, овластувања, законски измени и инегеренции на специјалниот јавен обвинител кој од септември треба да ја истражува аферата за прислушувањето.
Извори за 24 вести од работната група порачуваат дека тоа не значи дека ќе почне лицитација со имиња на можни кандидати, туку дека ќе се дискутира околу законските измени, ингеренциите и обврските на новиот специајлен обвинител, кој произлегува од протоколот на договорот од Пржино.
Истите извори тврдат дека работната група ќе треба да прецизира и конкретно што се ќе треба да истражи тој. Инаку преставниците на партиите досега најконкретно дискутраа за модалитетите за чистење на избирачкиот список. На маса за изјаснување на партиите беа активна регистрација со отпечаток од прст на гласачите или теренска проверка на изборниот список од врата на врата.
  . На денешната средба за разлика од вчера, партиите беа претставени со двајца преговарачи, Никола Поповски и Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска и Дамјан Манчевски од СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу и Луан Треси од ДПА, но присуствуваа и претставници на амбасадата на САД, ЕУ И ОБСЕ.
Секако претставниците на работните групи ги пречека медијаторот од Европската Комисија, Питер Ван Хојт.