Кој, до кога, како- специјалниот јавен обвинител денеска на дневен ред на преговарачите

од Vladimir Zorba
113 прегледи

 По дефинирање на рамката и предлозите за изборната регулатива, денеска на ред е специјалниот јавен обвинител.

мак влада

Претставници на четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино за излез од политичката криза во Македонија, во рамките на работните групи, денеска, според најавите, би требало да разговараат за законските измени и точните ингеренции на специјалниот јавен обвинител.

Според договорот, специјалниот јавен обвинител ќе има целосна автономија во својата работа.

Според очекувањата, тој, освен што ќе бара вештачење на снимките за да се види кој прислушувал, треба да заклучи со каква опрема, преку кој мобилен оператор и кој го финансирал следењето на комуникациите, а потоа да лоцира кривична одговорност за наредбодавците и извршителите,  да работи на расчистување на сомнежите кои произлегоа од прислушуваните разговори и случајот „Пуч“ насочен против лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Денеска вистинскиот  фокусот ќе биде на законските измени и точните ингеренции на специјалниот обвинител, кој може да биде, процедурата и законските усогласувања, а не посочување на конкретно име.

Специјалниот обвинител треба да биде избран на 15 септември .

На денешната нова тема и нов преговарач посредник од Комисијата . Тоа е  Џејмс Хамилтон, кој има доста богато CV во сферата на правото, а работел во речиси сите земји на Балканот, и пошироко.

Досега со работните групи, кои беа фокусирани на Избирачкиот список и гласањето на дијаспората, работеше медијаторот од Европската комисија, Питер Ванхауте.

НЕма официјални информации што е договорено вчера но, македонските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека преставниците на партиите досега дебатирале за модалитетите за „чистење“ на избирачкиот список, преку активна регистрација со отпечаток од прст на гласачите или преку теренска проверка на изборниот список „од врата на врата“, како и околу спорното прашање за понатамошното гласање на иселениците. Гласањето на иселениците, коишто досега „обезбедуваа“ тројца пратеници во 123-членото Собрание, според медиумските наводи, е спорно од најмалку две причини: нееднаквоста на гласот – пратеник од дијаспората да се избира и со само 800 гласови, а пратеник од Македонија – во просек со 8.000 гласови, како и финансиската нееднаквост, зашто, само за тројца пратеници од дијаспората, според дел од набљудувачите на изборите, се трошат над милион евра, или 25 до 30 проценти од буџетот за избори.

.

Слични содржини