(ВИДЕО)Нуркачи открија мистериозна сфера крај бреговите на Турција

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Група нуркачи открија при нуркање крај турските брегови мистериозна проѕирна  сфера со џиновски димензии, соопшти RT. Откритието се наоѓа на 22 метри под водата крај еден од турските градови.Според нуркачите, сферата изгледала “како направена од желе и многу мека”.

20150730.ugmvojjkdlТие направиле подводни фотографии и замолиле експерти за проценка на направената. Некои мислења зборуваат дека по сè изгледа, станува збор за огромно јајце на Калмар. Снименото сепак е исклучителна реткост, бидејќи димензиите се невообичаени, а и заради краткиот период на инкубација набљудувањето на вакво јајце е практично невозможно.