Новите внатрепартиски судири во ДУИ поради заобиколувањето на ограноците во Сарај и во Студеничани при последните именувања на функционери можат да ескалираат сценарио слично на она во Куманово. На ваквата потенцијална опасност предупредува потпретседателот на Собранието и член на врвот на Рафиз Алити-информира Ал сат.
Иако има можност за такво нешто, тој и пратеникот од Студеничани Зулфи Адили, изјавија дека нема да дозволат повторување на кумановските настани.
„Јас сум во постојан контакт со активисти на огранокот од Сарај, секако дека побрав средба со претседателот Ахмети, за да разговарам за оваа прашање. Што се однесува до мрачните сценарија кои се најавуваат, јас ќе кажам дека имало и има такви појави, но нема да дозволиме да дојде до тоа што се случи во Куманово“, рече Рафиз Халити- пратеник на ДУИ.
„Ако некои сакаат да се повторат црните сценарија во нашите редови, јас и чесните луѓе кои му посакуваат добро на овој народ, отворено ќе кажам дека нема да ја постигнат таа цел, бидејќи ако некој претендира за една фотелја, за една позиција, да прави мрачни планови, ние нема да паднеме во неговата замка, бидејќи ние сакаме да бидеме достојни претставници на народот“, рече Зулфи Адили пратеник од подрачјето.
Алити го обвини Муса Џафери за непочитување на партиските ограноци. Според него и Адили, последните именувања кои поминаа во Владата, се лоши одлуки на ДУИ.
Повеќе ТУКА
