Аугусто Пиноче живи ги горел опозиционерите

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Во петокот беше обелоденет документ кој докажува дека Чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче прикрил офицери кои ги  поливале  со бензин и ги  запалиле живи опозициските активисти Родриго Рохас и Кармен Куинтана во 1986 година пишува весникот The Guardian.

пиноќе

 

По објавувањето на документот триесет години подоцна 12 поранешни чилеански воени офицери уапсени се за тоа дека учествувале во палењето на членови на опозицијата и им допуштиле  да горат во ров на неколку километри од главниот град Сантијаго. Според обелоденетите документи чилеанската полиција знаела за инцидентот, но Пиноче го скрил  случајот. “Чилеански влада, по препорака на Пиноче, ги запишала  Рохас и Куинтана за терористи кои случајно се самозапалиле со сопствените” молотови коктели”, пишува во документот. “Еден од сведоците е киднапиран потоа и измачуван  и  заплашуван да ја промени својата изјава за случајот”, пишува во документот.

Аугусто Пиноче доаѓа на власт на 11 септември 1973 година по државен удар. Тој управува со земјата како диктатор до 1990. За време на неговото владеење убиени се  или исчезнуваат без  никава трага.над 3.000 луѓе