Стапуваат во сила законските измени за укинување на придонесите за хонорарците

од desk3
66 прегледи

ne-za-honorarot1
Законските измени со кои се овозможува укинување на плаќањето придонеси за здравствено и пензиско осигурување за хонорарци стапуваат во сила денеска.

Според измените, што во Собранието беа донесени по скратена постапка, лицата кои оствариле приходи по основ на извршена физичка или интелектуална работа од договор за дело или авторски договор или друг вид договор нема да плаќаат придонес за пензиско и здравствено осигурување.

Ваквото решение, според Владата, уследило по анализите кои покажале дека неколку мерки што во меѓувреме ги спроведоа ги исцрпеа ефектите што сакаа да се постигнат.

Законската обврска за оданичување на хонорари беше донесена пред само една година, а тогаш Владата го бранеше законот како решение преземено од странските практики. Донесувањето на законот предизвика серија на протести.