По лавовите и уште 200.000 евра за пристапната улица до плоштадот „ВМРО“

од Vladimir Zorba
105 прегледи

 

За поставување на осветлување за пристапната улица до новиот плоштад „ВМРО“, Град Скопје планира да потроши над 12 милиони денари, односно 200.000 евра без вклучен ДДВ.

11813456_1444760512518429_4487478104654284513_n

Лавот преилинденски веќе е поставен на постамент

лав вмро

Во текот на месецов беше објавен тендерот за избор на компанија што ќе ги постави новите канделабри, што ќе треба да го осветлат просторот што води кон седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Фирмите што имаат интерес да учествуваат во тендерската постапка треба да ги достават своите понуди до 19 август, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач.

елиот пакет на олоштадот на ВМРО, граѓаните за овој градежен зафат ќе платат 84.680.340 денари или над 1,3 милиони евра.Барем таа е бројката без анекси. Градот Скопје склучи договор со најповолниот понудувач за временски период од 12 месеци, рок во кој плоштадот со површина од 681 метри квадратни треба да биде комплетиран.

 

 

 

 

За пристапната улица до плоштадот „ВМРО“ од градскиот буџет веќе се потрошија над 15 милиони денари на почетокот од мај годинава. Истовремено, градежните екипи на „Урбан инвест“ изминатиов период работеа на изградба на новиот плоштад со површина од 681 метри квадратни. Пресметките говорат дека самиот плоштад, заедно со пристапната улица и осветлувањето, ќе ги чини граѓаните на Скопје минимум 1,7 милиони евра.