Од хотели so пет ѕвездички до скромни таверни грчките даночни инспектори го насочуваат вниманието кон даночно затајување во летните одморалишта, објави “Ројтерс”. Владата извести дека ветената од премиерот Алексис Ципрас борба против даночното затајување е во тек, една недела по големото зголемување на ДДВ.

“Ние ќе започнеме во скапи дестинации, луксузните хотели и ќе одиме дури во најмалата тавернa, изјави вториот министер за финансии Трифун Алексиадис , изложувајќи ги плановите на Владата за летото во борбата против неплаќањето на даноците. Проверки од екипата на министерството за финансиски криминал во последната недела открија даночни прекршоци во речиси една од секои четири проверени компании, рече тој. Кастрењето на на буџетот го остави тимот на финансиското Министерство за борба против финансискиот криминал со недоволен персонал, но дополнителни инспектори ќе бидат повикани од други министерства, за да помогнат во ревизорските кампања, изјави Алексиадис. Според условите на третата кредитна програма за Грција ДДВ беше зголемен во хотелите и рестораните на островите во Егејското Море што доведе до поплаки од работодавците во туристичката индустрија, кои велат дека оваа мерка ќе влијае врз приходите во екот на туристичката сезона. Туризмот на Грција и носи околу една петтина од БДП то , претворајќи го во многу потребниот мотор на растот и приходи од даноци за оштетена економија. Во последниот извештај за Грција ММФ вели дека додека собирање на даноци се подобрува, избегнувањето на даноците останува масовно меѓу богатите и самовработените.