Грција со план за тужби против германски фирми

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Што да се прави при евентуален Grexit? Нови детали за размислувањата и размислувањата при евентуално излегување на Грција од еврозоната стануваат  се појавни и попознати. Откако во петокот и премиерот Алексис Ципрас потврди дека  на својот веќе поранешен министер за финансии Јанис Варуфакис му е доделено да изготви “план за одбрана” во случај Грција  да треба да ја напушти монетарната унија. Ввикендов станаа познати нови детали.

0000272014-article2

Во овој план , според материјал на весникот Efimerída ton Syntaktón, исто така влегуваат и големи истраги за корупција против германски компании. Релевантните истраги требало да се придвижат против дејствувањето во Грција на  германски компании како Siemens, Lidl, Allianz, MAN и Hochtief. Скандал за поткуп, поврзан со Siemens, неодамна веќе е дискутира во Грција. Во конкретниот случај, дури  има и судска постапка. Се претпоставува дека службеници на Siemens платиле во 1997 година околу 70 милиони евра мито на грчката телекомуникациска компанија OTE, за да ја преземат дигитализација на телефонска мрежа на грчкиот концерн. Околу десетина поранешни претставници на Siemens и други 40 обвинети веќе  се изведени пред суд.

Друга точка во алтернативниот план на грчката влада била национализација. Планирано било и зголемување на патарина давачките на автопатите и најголемите мостови во целата земја. Владата во Атина не ги  коментира засега информациите.