Силно невреме попладнево го зафати Прилеп и предизвика хаварија во сообраќајот и секојдневниот живот, а градот за кусо време заличе на Венеција, објави 24 Вести.
Поплавено беше централното градско подрачје, улиците беа целосно под вода, а оштетен беше и инвентарот на некои кафулиња. Нивото на градската река се покачи, среќа не се излеа надвор од коритото.
Граѓаните реагираат зашто оваа слика во Прилеп, се повторува при секое невреме.


