Владата за денеска закажа седница на која ќе бидат разгледани состојбите по поплавите што ги предизвикаа вчерашните обилни врнежи во Тетово.

Како што соопшти доцна синоќа премиерот Никола Груевски кој итно го посети Тетово, ќе се утврдуваат натамошните активности, но најпрво помошта за населението и субјектите.
Според првичните проценки, штетите од поплавите се најголеми во Шипковица. Сосотојбата е лоша и во Голема Речица каде дошло до излевање на реката од надојдените води, а има и информации за жртвии повредени
(Видео)Загинати и повредени во синоќешното невреме во Тетовско
Вчера попладне Тетово беше зафатено од големо невреме. Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа застој во сообраќајот во дел од овој регион. Излеана е реката Пена, забележани се повеќе одрони и свлечишта. Поради излевање на реката во село Доброште по обилните врнежи во прекин беше сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце и обратно, како и патниот правец Тетово-Попова Шапка поради свлечишта и камења на патот.
Според вечерниот извештај од 20:30 часот состојбата се стабилизира, врнежите се намалија, а реката Пена почна да се повлекува.