Во Велика Британија се појави Сперминатор

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Велика Британија веќе има своја Сперминатор. Тоа е 26-годишниот Кензи Килпатрик, најактивниoт донатор на сперма во земјата.JS66640369

За последните 3 месеци Килпатрик стана татко на 8 деца, а уште 2 се на пат. Британските медиуми проценуваат дека ако Сперминаторот, како што г онарекуваат младиот маж, продолжува да произведува сперма со истото темпо, во текот на следните 10 години на неговата “помош” може да се потпрат минимум 300 бездетни парови.

Килпатрик кој е од Бирмингем, го донира семето целосно бесплатно, а лично избира преку Фејсбук на кого. При тоа, Британецот кој е бисексуалец, во изминатите неколку години живеел со маж. Килпатрик многу сакал да имаат деца од сурогат мајка, но неговиот партнер бил против. Во јануари двајцата се разделиле и лудиот на тема детенце Килпатрик станува Сперминатор.

“Западнав во депресија, останав без работа. Нè раздели токму неусогласеноста во однос на децата. И одеднаш наидов на Фејсбук на група, каде што девојките делеа колку е тешко да се најде донатор на сперма. Беше пресвртница во мојот живот! Зашто ми се отвори можност ем да помогнам, ем конечно да имам свои деца, иако тие никогаш да нема да дознаат за мене “, раскажува Сперминаторот.