По вчерашното големо невреме што го зафати тетовско, претпладнево во едно од најпогодените села Мала речица улиците се неопроодни и затрупани со камења големи дури и до еден метар кубен, jaвува новинар на RSE од теренот.

Гражаните само и с помош на механизација забрзано работат на санирање на катарстофалните последици од невремето кое однесе и 4 жртви.
Локалното население вели дека невремето вчера носело камења, дрвја и автомобили што биле паркирани пред куќите, но дури и полни возила во кои во моментот се превезувале луѓе. Жителите се излезени од своите домови и се обидуваат колку што можат да ги расчистат направени штети. Според тетовската полиција, тројца жители од Шипковица и седум годишно дете од Тетово се жртви од поплавата што следеше по невремето, а полицијата трага по двајца пријавени за исчезнати.
Х.Ф. (83) и А.М. (14) од Шипковица, А.И. (7) од Тетово и Р.А. (15) од Шипковица се четирите жртви од вчерашното силно невреме во Тетовско, потврди утрово Секторот за внатрешни работи.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица, и уште едно лице.
– Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски.
Во Тетово се оштетени четири возила од паѓање гранки, дрва, предмети,… Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.
Како што информира полицијата, однесен е и Вратничкиот мост меѓугорно Орашје и Нераште

Според истражувања направени пред три години, околу 20 проценти од територијата на Република Македонија е потенцијално подложна на појава на свлечишта, одрони и други форми на гравитациско движење на земјишни и карпести маси. Обилните дождови кои лани пролетта ја зафатија Македонија „разбудија“ дел од постојните, но предизвикаа и нови свлечишта, како и големи одрони на одредени патни правци. Токму ланските поплави во Македонија и во регионот, го извадија од фиоките македонскиот список за санација на критични и инфраструктурни точки, а нив ги имаше многу – мостови, брани и опасни свлечишта, пишува DW.