Хрватска одбележува две децении од воено-полициската операција “Бура” со воена парада во Загреб денес, а утре со манифестации во градот Книн, некогаш прогласен за главен град на самопрогласената Република Српска Краина, објавијахрватските медиуми.
Со операцијата “Бура” во 1995 година Хрватска ја врати контролата над заземените од страна на српските сепаратисти територии во централна и источна Хрватска. Операцијата траеше четири дена и заврши со уништување на т.н. Република Српска Краина.
За прв пат во историјата на Хрватска 4 август, прогласен за Ден на победата и благодарноста и Ден на хрватските бранители, ќе биде одбележан со парада, а Србија за првпат го објавува овој датум за ден на жалост. Според српски податоци како резултат на операцијата околу 220 000 Срби беа протерани од нивните домови и речиси 2.000 се убиени или се водат како исчезнати.
Претседателот на Србија Томислав Николиќ ќе присуствува на Фрушка Гора на помен на жртвите кои загинаа во операцијата “Бура”.