Ден на жалост во Тетово

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Денеска и утре во Тетово е ден на жалост за настраданите во поплавите што во понеделникот зафатија делови на територијата на таа општина.

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Владата на Македонија на вонредната седница донесе неколку одлуки за помош на погоденото население од поплавите во кои имаше четири човечки жртви, а десетици луѓе беа повредени. Според проценките невремето остави и огромна материјална штета. „Првичната оценка е дека се оштетени над 200 објекти“, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања, кој е во составот на координативното тело за следење на состојбата. Владата реши на граѓаните чии домови настрадаа во поплавите да им се достави храна, вода и лекови, а ќе има и еднократна парична и дополнителна помош за санација на штетите од невреметo