Министерот за администрација и информатика , Иво Ивановски, ја напушта владата на Груевски, и според извори на Либертас најверојатно од 1-ви септември се сели во Софија, Бугарија.

Истиот извори тврдат дека тој добил и ја прифатил понудата да биде извршен директор на Мтел Бугарија за Балканот.
Оваа Бугарска компанија деновиве целосно ја откупила нашата Близу.
Иванов министерската фукција, како што најави преку државната МТВ, ќе ја напушти од 1 септември.
Тој во владата на Груевски дојде како експерт од Америка каде што живееше, а неговото семејство потекнува од Битола. Минатата година тој во Битола по втор пат се ожени, а ексклузивен гостин му беше еден од најбогатите во светот, бизнисменот од Мексико, Карлос Слим.