Да знаеле за кого станува збор, никогаш не би пропуштиле да му ја додадат топката.
Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, кој моментално игра за Реал Мадрид, се преправил во бездомник и на еден од главните плоштади во Мадрид одиграл неколку додавања со минувачите, но ги покажал и своите фудбалски вештини.
Со лажни бркови, брада, очила за сонце и широк дуксер, никој не ја препознал оваа фудбалска легенда, а повеќето од минувачите не сакале да одиграат ниту едно додавање со него со часови, додека некои заинтересирано стоеле на страна и го набљудувале овој фудбалски волшебник што прави со топката.

