Предвремени избори во Грција се “веројатни” наесен, изјави портпаролката на Владата Олга Геровасили за радио “Вима”, пренесе Бгнес

Според неа сето тоа зависи од тоа колку стабилна ќе е Владата во овој период.Ципрас се сомнева дека при увоз на конечниот договор со доверителите, голем дел од СИРИЗА нема да ги одобрат мерките за заздравување на државата.
Лидерот на партијата рече дека има намера да одржи конгрес на СИРИЗА во септември, кога ќе се реши прашањето за политичката иднина на партијата.
Според пресметката на партијата Ципрас ќе оди на гласање со “целосна борбена готовност” со постигнат договор и неутрализација на неистомислениците во партијата.
“На финален пат сме за склучување на договорот со меѓународните кредитори. И покрај тешкотиите со кои се соочивме, овој договор ќе стави крај на несигурноста за иднината на Грција во еврозоната “, соопшти во меѓувреме Ципрас. Според него државата е се поблиску до склучување на договор за третата транша за земјата.