Знаете ли дека… Леонардо да Винчи бил осуден за содомија?

од Vladimir Zorba
981 прегледи

Дали ви се допаѓаат делата на Леонардо да Винчи ? Што знаеме за него, освен дека познатата слика “Мона Лиза” е негова?f8e22f19d1f1547a9f3cdc1d02568d3f
Со прашањето “Знаете ли дека …?” ќе ве запознаеме со малку познати факти за генијот на Леонардо!

Знаете ли дека Леонардо да Винчи е првиот кој е објаснил зошто всушност небото е сино?

Леонардо можел да пишува со едната рака и да слика со другата во исто време.

Контактните леќи за првпат беа предложени како концепт од него во 1508 година.

Бил Гејтс го купил бележникот со ракописи на да Винчи во 1994 година за 30 милиони американски долари. Неколку страници од него биле користени како скрин сејвери за Windows 95.
9496acacf662b9cafee40db47233e598
Името на Леонадро Ди Каприо е дадено во чест на да Винчи, бидејќи мајка му стоела пред Автопортрет кога малиот Леонардо ја клоцнал за прв пат за време на бременоста.

Истражувањата на Леонардо во врска со ерозијата на реките го навеле на мислата дека Земјата е многу постара отколку што вели Библијата.

Специјален софтвер за препознавање на лицето определил дека “Мона Лиза” е 83% среќна, 9% и е досадно, 6% уплашена и 2% лута, според изразот на нејзиното лице.

Прочуените левичари освен да Винчи се Наполеон, Микеланџело, Ајнштајн, Њутн, Бил Гејтс, Опра Винфри, Барак Обама и Џими Хендрикс.

Леонардо да Винчи бил едуциран дома. Тој стекнал знаење на грчки и латински јазик.

Леонардо проектирал блиндиран автомобил, кола прикриена за теренски напади, летечки брод , багер и уште многу други пронајдоци кои ги користиме и денес, но во подобрени опции.

Да Винчи купувал животни во кафез од пазарот, само за да ги пушта на слобода.

Генијалниот сликар, уметник и пронаоѓач речиси бил осуден на смрт за содомија (така ја нарекувале тогаш хомосексуалноста). Но не се нашол сведок, кој ќе ги потврди обвинувањата. Леонардо бил ослободен.35ec0ec68bc3efdd3a87c207df37ed12

Сликата на Леонардо “Мона Лиза” станала најпознатата уметничка творба откако била украдена од Лувр во 1911 година.

Да Винчи е еден од најпознатите уметници во историјата, иако се откриени само 15 негови слики.

Леонардо бил голем шегаџија. Тој лепел крила или рогови на живи гуштери, за да ги исплаши луѓето во Ватикан.

Последните зборови на Леонардо биле: “Го навредив Бог и човештвото. Мојата работа не го достигна квалитетот, кој требаше да го постигне. “