Какви купаќи за машки, кои се модерни, а кои секси во последните 100 години

од Vladimir Zorba
344 прегледи

акви костими за капење ви се допаѓаат кај мажите? Дали на плажа сакате да видите маж во куси шорцеви или пак преферерирате „спидо“? Или пак не ви битно се додека има добро тело? Кои од тие се навистина секси а кои селски-100 години машки костими за капење во 3 минути

8484_060815161003620_668x482

Забавно видео на Mode.com во кое ќе видите од кога мажите почнале да одат топлес на плажа и да покажуваат стомачни. Еволуцијата на машките костими за капење можеби не е толку изразена како кај женските модели, но сепак постои. Додека женските костими за капење биле дизајнирани да ги изразат облините, машките модели не само што требало да ја покријат машкоста, туку биле изработувани од материјали како плетиво што станувале многу тешки кога ќе се навлажнат. Во 20-тите согласно етичките правила за пливање мажите морале да носат здолништа што им ја покриваат машкоста. Со пронаоѓањето на еластичните водоотпорни материјали во 30-тите тој проблем бил решен и во 1937 година мажите смееле да одат топлес на плажа или на базен. Во следните децении се работело на скратување на моделот и развеселување на дезенот, се до спидо купачите во 70-тите. Останатото погледнете го на видеото горе.

А ако тоа и не ви е толку забавн преминете директно на историја на женските костими за капење: