Во јули дефлација од 0,4 %

од desk3
86 прегледи

Според Државниот завод за статистика,индексот на трошоците на животот, кој важи за клучен показател за движењето на инфлацијата, во јули, во споредба со истиот месец лани, бележи намалување за 0,4 отсто.

denari-paricnik-548x320

Дефлацијата во јули на месечно ниво дефлацијата е уште поголема и изнесува 0,7 отсто.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,7отсто во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 18,9 отсто, свежото овошје за 2,7 отсто, јајцата за 1,7 отсто, сувомесните производи за 0,8 отсто, конзервираните месни производи за 0,6 отсто, конзервираниот зеленчук за 0,5 отсто, свежото млеко за 0,4отсто, полутрајните колбасичарски производи за 0,3 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.