Роден како Стефан, а во Сирија го викале Суфијан. Во Скопје завршил медицина, а сега на 31 година доби кривична пријава од МВР дека учествувал во редовите на ИСИС и врбувал нови луѓе да ги пополнат редовите на терористичката организација, го слика профилот на македонецот кој ја сменил и верата и страната во општеството анализира Телма.

Тој е единствен македонец во групата 36-мина кои се осомничени во акцијата „Ќелија“. Ја сменил верата во ислам, а според оперативните информации на истрагата бил припадник на ИСИС, но засега никој не соопштува дали бил лекар или борец.
Живеел во ова добро уредено маало во скопската општина Карпош.Стефан потекнува од интелектуално семејство. Неговите родители и роднини се познати лекари и универзитетски професори.
Неговиот татко нема одоговор за вклученоста во ИСИС но знаел дека ја сменил верата
„Како да знаев дека ќе се случи нешто со син ми, знаев дека премина во ислам и дека се молел во џамиите Јаја паша и Тутунсуз, но првпат слушам дека бил во Сирија и не знам за тоа“- ни рече таткото на Стефан. Дома со него не сме зразговарале за ИСИС туку само за промената на верата.
Според податоците од базата на граничните премини, Стефан алиас Суфијан лани во август со мотор заминал за Турција, а во Македонија се вратил на 3-ти март. Неговиот татко знае дека лани Стефан бил на одмор во Грција и во Турција, но нема никакви информации дека бил во Сирија и очекува судот да ја расветли работата. Дотогаш најдобро е да не се зборува да не се наштети на истрагат, смета таткото на Стефан осомничен за учество во сирискиот конфликт. Примерот со Стефан за аналитичарите значи дека е невозможно припадниците на ИСИС да се групираат во еден единствен профил.
Најголемиот дел од осомничените се Албанци, но има и 5 Турци, еден Македонец и еден македонец-муслиман. Најголемиот дел на луѓето обработувани со Ќелија се на возраст меѓу 20 и 30 години, имаат завршено средно школо и припаѓаат на средна ниска класа. Но имало и без завршено основно образование и со факултет како скопанецот Стефан. Само 11 досега извршиле полесни кривични дела, немале врски со политички партии и главно не биле вработени регуларно туку подработувале на црно. Најголемиот дел биле женети и имале деца.
повеќе тука