Земјоделците кркаат субвенции за што? -Македонија земјоделска, а увезува храна за стотици милиони евра!

од Vladimir Zorba
139 прегледи

И додека нашата земја е окарактеризирана како земјоделска, податоците покажуваат дека во земјава има поголем увоз отколку извоз на храна. Секоја година расте помошта од државата за земјоделците, но нема анализа како сè одразуваат тие пари и зошто и покрај се нема соодветни резултати, пишува РСЕгрујо нива

Доматите, пиперките или цвеклото од македонските ниви се преработуваат во соседните земји и се враќаат во македонските продавници како вкусна зимница или кечап. Смокви, вишни и сливи од јужните делови на земјава по краток пат до соседството ни се враќаат во тегла како мармалад, компот или слатко. Преспанските јаболка ни се враќаат во тетрапак пакување. Ниту третина од асортиманот на негазирани сокови во македонските маркети не е од домашно производство, иако овошје имаме во изобилие. На рафтовите покрај македонскиот ајвар, лутеница, корнишони, стојат и увезени од Србија, Хрватска и други земји, каде што Македонија најмногу извезува зеленчук.

(..)

И додека нашата земја е окарактеризирана како земјоделска, податоците покажуваат дека во земјава има поголем увоз отколку извоз на храна, па поради тоа епитетот земјоделска останува само на хартија. Во услови кога може да се произведува и извезува квалитетна храна, благодарение на географската местоположба и благодатите што ги дава климата, Македонија е зависна од увоз на прехранбени производи и пијалаци.

(..)

Милиони за субвенции, а фајде?

Во споредба со пред 10 години во земјава има 20 отсто помалку посеви со пченица, 15 отсто помалку јачмен, 10 отсто помалку домат, има помалку посеви со тутун. Слична е и состојбата и во сточарството. И покрај милионските субвенции, статистиката покажува дека во изминатите 10 години има помалку говеда, речиси двојно помалку овци, помалку свињи и сериозно помалку живина. А за 20 години драстично се намалило обработливото земјиште.

Во последната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2014-2018 е наведено дека партијата покажала како се дава поддршка на земјоделците и дека во следните четири години се планира инјекција од 600 милиони евра, односно по 150 милиони евра годишно.

D9B37A95-6F47-4DD4-AB7A-10C43B30760E_r1_cw97_cy2_cx1_w268

(..)

Злоупотреба на субвенциите

Професор Илија Каров од Земјоделскиот факултет вели дека субвенциите придонесуваат за зголемување на квантитетот и квалитетот на македонскиот земјоделски производ, но мора да се обрати внимание на неколку клучни работи. Прво треба да се внимава на злоупотребата на субвенциите, посочува Каров.

„Јас имам информации, бидејќи сум често на терен, дека голем дел од земјоделците, ќе посеат, ќе побараат субвенции и не се ни враќаат на површините, дали со пченка, дали со други земјоделски производи, тоа не е добро, и нешто треба да се направи во таа насока.“

Субвенции за социјален мир

Подобрувањето на патната инфраструктура, на водоводната и канализациската мрежа, здравствена заштита во селата, полесен пристап до локалните пазари се неколку мерки што се во насока на подобрување на условите за живот во рурална средина. Покрај ова и субвенциите кои ги нуди Владата треба да стигнуваат до вистинските земјоделци велат експертите.

Габриела Димовска од Центарот за економски анализи во својот труд „ Осврт на развојот на земјоделството по Македонија во последните десет години“ посочува дека она што сè уште е голем недостаток кај субвенционирањето во земјоделството е тоа што голем дел од субвенциите се користат како социјална мерка, иако би требало да придонесат за зголемување на конкурентноста, за создавање на крупни носители на производствениот процес кои потоа ќе придонесат за зголемување на извозот. Субвенциите кај земјоделските производители создаваат привиден мир.

целата анализа  на Зорана Гаџовкска – Спасовска која е уште од минатиот ноември  на Радио слободна Европа тука