Груевски: Ако опозицијата е конструктивна ќе се запазат роковите од договорот од Пржино

од desk3
95 прегледи

 

Доколку опозицијата е конструктивна како што сме ние, навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и состав на ДИК, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали политичките парти ќе успеат да ги запазат роковите предвидени во договорот од Пржино.

8e860cc7-ad27-4c7b-8d35-71f57a67b391-19052015193020_заев-и-груевски

Прашан дали ВМРО – ДПМНЕ има црвени линии во политичките преговори со опозицијата, Груевски нагласи дека црвените линии на партијата се Уставот, законите и вољата на граѓаните.

– Нашите црвени линии се секогаш Уставот, законите и вољата на граѓаните, подвлече Гуревски во изјавата дадена по посетата на Технолошко-индустриската развојна зона Охрид – Струга. /МИА