(ВИДЕО) Кадри од филмот „Еверест“ кои ќе ви ја смрзнат крвта

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Нова порција импресивни кадри од “Еверест” откриваат уште од волшепството на суперпродукцијата, снимена на врвот на светот.

Џејк Џиленхал, Џош Бролин, Џејсон Кларк, Мајкл Кели, Робин Рајт, Кира Најтли и Емили Вотсон се само дел од актерите, поставени на работ на опстанокот во оваа приказна за човечката волја, поставена на тестирањата на природните стихии.

Еверест е базиран на вистински настани од 1996 година. Филмот ја раскажува приказната на две комерцијални експедиции кои успеваат да стигнат до врвот, откако се здружуваат.

Слегувањето, сепак, се покажува како вистински предизвик пред човековите можности и дух, откако планинарите се зафатени од една од најпознатите најжестоките бури во историјата …

Филмот импресионира со слики на повеќе од 10 импресивни локации, меѓу кои јужниот базен камп на Еверест, Непал, Италија и други.

“Еверест” ќе го отвори филмскиот фестивал во Венеција на 2 септември, што дава сериозна најава за номинации за филмот оваа сезона. Форумот во Италија го става почетокот на сезоната на најпрестижните филмски фестивали, чија кулминација доаѓа со Наградите Златен глобус и Оскар.

Еверест тргнува низ кината со светската премиера на 18 септември!