Беличанец: Груевски го урна пензискиот систем

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Линеарното зголемување на пензиите е спротивно на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со линеарното зголемување на пензиите се урна, а со наредното зголемување се доурива пензискиот систем.

пензионери

Со линеарното зголемување на пензиите Груевски го урна пензискиот систем заснован на години на стаж и пензиска основица, која зависи од издвојувањето од платата за време на годините на работа, односно работниот стаж!

Која е смислата на пензиската основа, односно годините на работен стаж ако со линеарно зголемување пензиите се изедначуваат. Највисоката пензија од 1:3 се сведе на 1: 1,5.

ДПМНЕ, прокламирана како десна партија, одлучи да практикува комунистичка уравниловка. За Груевски битен е бројот на гласовите на избори, поточно да остане на власт. Цената на неговата антипензиона политика на крајот како во Србија ќе ја платат пензионерите со намалување на пензиите.

Социјалната политика не може да се води со средствата наменети за пензиите. Крајно е неморално со парите на пензионерите да води и предизборна кампања.

 

Статус на Фејсбук на Тито Беличанец