Со финалето на сезоната на True Detective, HBO го објави првиот тизер на претстојното нивно шоу, Westworld, и изгледа фантастично.
Има некои вознемирувачки слики тука како роботи кои празно гледаат додека муви зуат низ нивните лица и една интересна мешавина на модерни, научно-фантастичен изглед на соби грб до грб со убедливи пространства на Западот во САД, заедно со неколку други глетки на шоуто околу 30тата секунда од трејлерот
Овој римејк на оригиналниот филм на Мајкл Крајтон изгледа како да ќе биде навистина возбудливо, згора на се и Џонатан Нолан повторно си поигрува со роботи и Вештачка интелигенција по Person of Interest. Тизерот исто така ни кажува дека серијата доаѓа во 2016 година, што е повеќе од првично што се очекуваше.