На 1 септември опозицијата се враќа во собрание,, a тоа е во функција на роковите и спроведување на договорот од Пржино, и изборот на специјалниот јавен обвинител, потврди за Телма лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Враќањето на СДСМ во Собранието е дел од договорот кој што четворицата лидери Груевски, Заев, Ахмети и Тачи го постигнаа со посредство на меѓународната заедница.
Според договорот од Пржино опозицијата треба да се врати во Парламентот на 1 септември, а на 15 да се избере специјален јавен обвинител кој ќе работи на случаите со прислушувањето.
Заев за Телма. рече дека токму тоа е и целта на враќањето на опозициските пратеници во собранието.
Работните групи на партиитите само еднаш го отворија прашањето за избор на специјален јавен обвинител а, лидерот на ДПА, Мендух Тачи неодамна изјави дека тие се далеку од договор и дека единстевен напредок е постигнат околу прашањата за изборите.
Работните групи треба да продолжат со работа на 17 август
