Швајцарецот пак ја дрма берзата и еврото

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Светските финансиски пазари се подготвуваат на нов шок кој може да го предизвика швајцарскиот франк, сличен на тој од 25 јануари оваа година.

франак с

Швајцарската народна банка размислува за повторна интервенција на пазарот за да се спречи растот на франкот, кој швајцарските производи ги прави се поскапи на извозните пазари.

Поради тоа швајцарскиот извоз во првото тримесечје оваа година падна за 2,6 отсто, а Швајцарија според се судејќи, влезе во рецесија

Сепак добрата страна на франакот се ово овој момент  се евтините автомобили

Швајцарскиот пазар постигна рекордно ниво во производство на возила, пишува швајцарскиот  весник 24. Само во месец јули, во Швајцарија се продале  30 228 нови возила.

Ова е највисокиот рекорд на земјата што го постигнала последниве 16 години.

Инаку, во првите седум месеци од годината, продажбата изнесувала 192 026 возила, што претставува и зголемување на продажбата за 8,2 отсто за разлика од лани.