(ВИДЕО) СДСМ Битола: Трет ден молк од страна на насилникот-пратеник од ДПМНЕ

од desk3
144 прегледи

После насилниот и грозоморен чин од страна на насилникот-пратеник Васко Наумовски, кој претепа вработени во Центарот за социјални грижи во Битола, веќе трет ден молк од страна на неговата партија ВМРО ДПМНЕ и неговиот ментор Никола Груевски, посочуваат од СДСМ Битола.
“Насилникот-пратеник, кој неуспешно се обиде да се претстави како жртва, го повикуваме да потврди или да демантира за следното:

Дали на 21 декември 2014 година, физички и психички ја малтретирал сопругата Н.Г. за што е пријавен во СВР Битола? Дали на 18 јануари 2015 упатил закана до сопругата и нејзината сестра дека ќе ги убие за што исто така е пријавен во Полициската станица Битола? Дали истиот ден службени лица на СВР Битола привремено му ги одзеле пиштол ZORAKI 917 T кал. 9-мм, една рамка муниција и потврдата за оружје? Дали на 25 јануари 2015 е пријавен во Полициската станица Битола од неговата сопруга дека ја малтретирал и упатувал закана дека ќе ја убие? Дали на 16 февруари 2015 го прекршил решението од ОС Битола за привремени мерки за заштита од семејно насилство за што е пријавен во СВР Битола од неговата сопруга? Дали на 18 февруари 2015 е пријавен од лицето Ј.Н. родена 1950 година за физички напад, односно удирање со клоци по телото? – рече денеска на прес конференција Борче Корлевски, портпарол на ОО СДСМ Битола.

Tри дена по насилниот и грозоморен чин од насилникот-пратеник Васко Наумовски, кој претепа вработени во Центарот за социјални грижи во Битола, и натаму има молк од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и неговиот ментор Никола Груевски.

Дали Наумовски сам ќе се откаже од пратеничкиот имунитет за да се спроведе транспарентна и непристрасна истрага за сите негови насилнички испади досега или тоа ќе го направат пратениците од владеачката ВМРО-ДПМНЕ? Дали се ова вредностите кои ги носат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски?”

СДСМ Битола ги повика ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски најостро да го осудат насилниот чин на нивниот пратеник и веднаш да преземат соодветни чекори за санкционирање. Во спротивно ќе сметаат дека стимулираат семејно насилство и насилство врз државни службеници.