Заврши политичкиот одмор, денеска продолжува работата на договорот од Пржино

од desk3
129 прегледи

По пауза од две недели тимови на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА од денеска повторно ќе работат на спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. Не дневен ред ќе бидат пречистувањето на избирачкиот список, предлогот за активната регистрација, како и гласањето на дијаспората.

лидерска
Ќе се разгледуваат и изборот на специјалниот јавен обвинител, надлежностите и структурата на ДИК и специјалниот обвинител и низа други прашања предвидени во договорот. Според договореното, до 15 септември треба да бидат утврдени законската рамка и името на човекот кој ќе ја извршува функција специјален обвинител за да може да биде избран во македонскиот парламент.

Аналитичари деновиве оценуваат дека разговорите нема да одат лесно, дека ќе има многу „рововски битки“, како и дефокусирање од приоритетни обврски со други теми, како што е случајот сега со кривичната пријава против АД „Макпетрол“, замрзнувањето на сметката на таа компанија и можната криза во снабдување во горива што ќе го предизвика тоа. Дел од аналитичарите стравуваат и од можни импровизации и договарање нецелосни и неквалитетни решенија, пред се‘, поради трката со рокови.