Западот стравува од нова воена ескалација во источна Украина, Германија повикува воените претставници на земјите итно да започнат преговори со посредство на ОБСЕ, а ситуацијата во зоната на конфликтот се повеќе се влошува, пишува “Ведомости”.
Киев тврди дека бунтовниците стрелале врз предградија на Мариупол. Сепаратистичката Доњецка народна република (ДНР) пријави за бомбардирањето на Донецк и Горловка од војници на Киев. Ситуацијата во Донбас нагло се влоши на 10 август, кога повторно пламнаа борби околу Донецк. Страните во конфликтот си ја префрлаат меѓусебно вината за влошување на ситуацијата – секоја сомнева дека противникот подготвува голема офанзива, забележува “Утро”.
Додека силите на Киев ги критикуваат сепаратистите, а тие очекуваат провокации, при бомбардирањето продолжуваат да умираат мирни граѓани, истакнува “Московскиј комсомолец”.
Лидерот на ДНР Александар Захарченко изјави претходно дека мировните договори од Минск се пропаднати, и прецизира дека очекува обновување на активните борбени дејствија. Минатата недела украинскиот Генералштаб официјално дозволи на армијата да употреби артилерија против сепаратистите, ако тие поминат во офанзива, за што ја информира ОБСЕ, потсетува весникот.
Според Владислав Селезнов, портпарол на украинскиот Генералштаб, цитиран од “Дни24”, ситуацијата во Донбас ќе е одлучувачки фактор за Киев по прашањето дали да објави нова – седма мобилизација меѓу населението.
Едвард Басурин, заменик-началник на силите на ДНР, изјави дека на 13 август тие разбиле украинска група диверсанти, од кои три се ликвидирани и еден – уапсен, објави “Аргументи и факти”. Истражителите дознале од заробеници дека украинската команда подготвува офанзива против ДНР и соседната отцепена Луганска народна република.
Диверсантите планирале според Басурин да киднапираат војници од ДНР, “за да ги користат во инсценирање ПР акции за фаќање на руски војници во териториите контролирани од безбедносните структури” на Киев.
“Аргументи и факти” го цитира Басурин, според кого украинските тајни служби планирале околу националниот празник 24 август – Денот на независноста, серија терористички напади во Украина – “на сопствена територија, за да ги обвинат раководствата на младите републики” од сепаратистичкиот регион.
Војниците на Донецк се ставени во целосна борбена готовност, бидејќи се чека офанзива на украинските сили, изјави за радио “Зборува Москва” Владислав Бриг, пратеник од Народниот совет (Парламентот) на ДНР, објавува електронското издание “Лента”.
Според податоци од разузнавањето Киев ќе атакува до недела и лоцира дополнителна борбена техника на сите пристапи погодни за напад. На разграничувањата се лоцирани близу 90 илјади украински војници, тврди Бриг.
Според него за едно деноноќие украинските сили пукале врз позициите на сепаратистите околу 150 пати. Прес-центарот на забранетата од Киев антитерористичка операција во источна Украина (АТО) од своја страна изјави на Facebook дека само за едно деноноќие отцепниците го прекршиле примирјето 136 пати.
По изјавата на Бриг Басурин изјави за Интерфакс дека податоците за поставување на војниците во борбена готовност не одговараат на вистината, прецизира електронскиот весник.
ДНР и ОБСЕ обмислиле три чекори за отстранување на тензиите во Донбас, пишува “Лента”, цитирајќи го претставникот на ДНР во Контакт групата за Украина Денис Пушилин. Според Пушилин мора прво да се провери дали од фронтот е повлечена артилеријата со калибар над 120 милиметри ако предвидуваат мировните договори, бидејќи ДНР била бомбардирањетона до ден-денешен со 122-милиметарски реактивни системи “Град”.
Второ, претставници на ОБСЕ и на Заедничкиот центар за контрола и координација треба ноќе да регистрираат на место натамошно гранатирање и “оперативно да интервенираат за прекин на огнот”. Трето, “веднаш да се потпише документ за превземање на техниката со калибар под 100 милиметри”, смета сепаратистот. Според него, мисијата на ОБСЕ ќе разговара за предложените мерки со своето раководство, додека ДНР подготвува нивно спроведување.
За две-три години Русија може да формира уште една резервна армија, вооружена со современи машини врз основа на платформа “Армада”, пишува “Независимаја газета”, повикувајќи се на извор од Министерството за одбрана.
Штабот на таа армија може според него да биде лоциран во Крим, а други единици – исто во јужни региони како Краснодарскиот крај и Ростовската област.
Весникот го поврзува создавањето на таква воена инфраструктура во Русија со “влошување на ситуацијата во Крим и плановите на НАТО да ги зголеми трупите крај границите на Русија, вклучувајќи со тенковески единици”.
“Американскиот професор Стивен Коен изјави дека многумина политички дејци во Киев и Вашингтон сериозно разгледуваат ја идејата за отцепување на ДНР и ЛНР од Украина. Историчарот истакна дека американски и украински политичари дебатираат веќе неколку месеци оваа опција за развој на настаните, по моделот на случувањата во СФРЈ”, пишува “Военное обозрение “.
