Изутринава рафинеријата Окта донела одлука да ја прекине испораката на горива на Макпетрол откако обвинителството минатата недела ја замрзна сметката на компанијата и отвори истрага по кривичната пријава на МВР за менаџментот.
Од ОКТА во своето соопштение за медиуми велат: „ОКТА не го прекинува договорот за снабдување со Макпетрол, туку само привремено го суспендира снабдувањето додека не биде нормализирана состојбата со банкарската сметка на компанијата“.
Веднаш по одлуката за замрзнување на сметката, Макпетрол реагираше со соопштение во кое наведе и дека тенденциозните кривични пријави за директорите и замрзнување на сметката ќе предизвикаат енергетска криза. За најмногу 48 часа ако нешто не биде променето Македонија, ќе се соочи со енергетска криза, тврдат од компанијата.
