Работните групи одморени почнаа нови средби за ДИК

од desk3
119 прегледи

По паузата за летни одмори, работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, повторно седнаа за заедничка маса.

11911139_10205034381035557_2045166158_n

Како што се дознава, тема на денешните разговори ќе биде Државната изборна комисија и Изборниот закон.

Претставници од СДСМ се Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, а од ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, додека ДПА –  Имер Алиу.

На средбата присуствува и белгискиот олеснувал Питер ван Хојте.

Засега не се знае колку ќе трае средбата, ниту дали по завршувањето ќе има изјави за медиумите.

 

МЕТА